Македонија
Скопјанец качен на цистерна се запалил од струен удар
Маж на возраст од 46 години изутринава загина од струен удар додека стоел качен на железничка цистерна на станицата Илинден.
Случајот е пријавен во СВР Скопје од каде е утврдено дека станува збор за М.Б. од Скопје.
На местото на настанот се излезени екипи на СВР Скопје, Територијалната противпожарна бригада и Итната медицинска помош.