Скандал во Будва: Се степаа Ален и Тифа на новогодишниот настап
Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа во новогодишната ноќ настапија во Будва, каде дојде до скандал меѓу нив.
Имено, наводно на крајот на новогодишниот концерт дојде до физичка пресметка меѓу нив двајца во бекстејџот.
Наводно прво дошло до вербален судир, а потоа и до кошкање што на крајот кулминирало со физичка пресметка меѓу двајцата пејачи.
Сведоците наведуваат дека до судир дошло по завршувањето на концертот, кога пејачите се симнувале од бина при што подебелиот крај го извелекол Тифа.
Тоа дополнително ги подгреа приказните во групата Бијело дугме состојбата воопшто не е идеална, како што се чини.
-Кога и да имав прилика истакнував дека во животот сум имал само двајца ментори: Даворин Поповиќ и Серџ Блажиќ. Морам да признам дека Горан тука беше малку лут, зошто маркетингшки тоа не беше најдобар потег. Но јас многу убави работи доживеав во Дугме и јас сакам да се сеќавам на убавите работи.”Без оглед на се, јас секогаш исталнувам дека сум човек без влакна на јазиот, се е тоа прекрасно и буди одамна заборавени емоции, но пред се работата е во прашање; колку пари толку музика. Јас сум во својата приказна многу одамна, имам свој пат но не се одрекувам од хипотеката на Бијело Дугме, рече своевремено Тифа.
Исто така постојат приказни и дека односот меѓу Тифа и Ален воошто не е добарм а тој оваа година изјави дека ниту Бебек ниту Тифа не можат да му парираат.
-Да бидам искрен, Бебек не може мене вокално да ми парира. Како ни Тифа. Знам каде сум, ги познавам своите вокални можности и способности сега и во наредните 5 години, рече Ален и додаде дека тоа што тој може да го изведе Бебек може само да го свирка.