Свет

Сириските сили зазедоа вторo бунтовничкo упориште во северозападна Сирија

Сириската армија го зазеде денеска стратешкиот град Рабија, кој беше под контрола на бунтовниците, и со поддршка на руските воздушни напади напредуваше уште повеќе во контролираната од бунтовниците територија во планинскиот предел, јави ДПА.

sirijaa

Владините сили воспоставија контрола над градот Рабија во северозападниот планински венец Џабал ат туркоман, соопштија државните медиуми и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

Тоа втор голем успех за сириската армија, 11 дена откако тие ја вратија контролата врз градот Салма, бастион на бунтовниците во блиската планина Џабал ал акрад.

Силите на претседателот Башар ал Асад во последно време започнаа голема офанзива во северозападниот планински регион, кој е меѓу најважните области за режимот, околу крајбрежните градови Латакија и Тартус, и контролирана од бунтовниците провинција Идлиб.

Во регионот се водат жестоки борби од октомври, кога со поддршка на руската авијација, владините сили започнаа сеопфатна офанзива на 140-километарски фронт, кој се протега од планинскиот регион до централните пустински области на Сирија, објавува ДПА.

Поврзани вести

Back to top button