ЖивотЗдравје

Сибирска боровиница или аронија го чува вашето здравје

Сибирска боровиница или народски познато како аронија, е растение кое едноставно претставува антиоксидантна бомба за организамот.

Аронијата е интересно растение бидејќи него не го напаѓаат штетници, па затоа и нема потреба да се заштитува со штетни пестициди, што само ја потврдува неговата безбедност по здравјето.

Ова растение е исто како и обичната боровница која ја познаваме и многу тешко е со око да се забележи разликата.

Аронијата е донесена од Северна Америка, а сибирска боровница е наречена поради тоа што прво била донесена во Русија и тоа во Сибир.

Аронијата е многу издржливо растение бидејќи може да издржи температура до 45 степени под нулата. Аронијата е овошје кое до неодамна воопшто не беше проучено. Има извонредни лековити својства, а древните Индијанци го користело за приготовка на многу разни лекови и други состојки кои секојдневно ги употребувале. Според најновите истражувања, сибирската боровница е одлична во справувањето со слободните радикали во организамот. Богата е со флавоноиди, биофеноли, витамин Ц, витамин А, витамин Б6, Б12, Б1, калциум, калиум, манган, фосфор… и уште многу други корисни витамини и минерали кои се вистински благодет за организамот.

Идеално би било кога човекот би можел да јаде барем по 20 грама дневно од ова овошје – велат научниците. Тие го потврдуваат благотворното дејство на аронијата во борбата против разни карциноми, особено карцином на дебелото црево. Ако почнеме да пишуваме за составот на плодот и неговите благотворни дејства за организамот, тешко дека ќе можеме нешто да не испуштиме, затоа ќе ви ги наброиме само оние најзначајните придобивки кои аронијата може да ви ги понуди а тоа се:
Подобрување на циркулацијата

– Ослободување од слободните радикали во организамот

– Анелгетско дејство – Благотвороно дејство кај луѓето кои патат од мигрена

– Го ослободува организамот дури и од тешките метали

– Го потикнува зараснувањето на раните

– Го подобрува метаболизмот

– Го јакне имунитетот

– Поволно делуваат на целиот гастро-интестинален систем

– Спречува дијареа и опстипација

– Ја штити тироидната жлезда

– Го штити панкреасот и црниот дроб

– Штити од UV зрачења и спречува настанување на брчки

Како што рековме ова се само мал дел од придобивките кои аронијата или сибирската боровница може да ги понуди. Цвета во мали бели цветови во гроздови. Листовите на почетокот се темно зелени а подоцна стануваат светли, па жолтеникави се до темно црвени. Плодовите најпрво се зелени а потоа стануваат црвени, се до потполното зреење кога ја добиваат нивната карактеристична и препознатлива боја.

Од аронијата можете да правите скоро се, од обична овошна салата, мармалад, сок, слатко и се друго што може да се замисли. Како и да ја приготвите нема да згрешите. Аронијата или сибирската боровница е растение кое има исклучително магичен ефект за здравјето бидејќи секое зрно кое ќе го земете претставува зрно здравје за вашиот организам.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button