Си ги чистел забите со двете раце додека неговиот автомобил возел со брзина од 135 километри на час
Американската полиција фати уште еден возач кој го злоупотребувал автопилотскиот систем на „тесла“, но овој пат во име на денталната хигиена.
Наредникот Кери Шмит од полицијата во Онтарио на „Твитер“ напиша дека полицаец обвинил 58-годишен маж за неодговорно возење. Објаснувањето? Си ги чистел забите со двете раце додека неговиот „модел С“, кој има автопилот, возел со брзина од 135 километри на час.
Во сегашната форма автопилотскиот систем на „тесла“ може само да им асистира на возачите, но не и целосно да ги ослободи од задачата за возење и тоа е јасно наведено на страницата на производителот.
– Моменталните карактеристики на автопилотот бараат активна супервизија од возачот и не го прават возилото автономно – наведуваат од „Тесла“.
Сепак, тоа не ги спречува многуте сопственици на „тесла“ да му дозволат на автопилотот да ја преземе нивната работа додека тие спијат или си ги чистат забите.