Свет

Шведско училиште ги принудува учениците да рецитираат муслиманска молитва на арапски

Ученици од петто одделение во Бјурбаксолан, во шведската општина Емабода, морале да присуствуваат на предавање по религија, на кое клечеле на молитвени килими свртени кон Мека и го славеле Алах на арапски јазик, објави весникот „Самхелснит“.

Класот, исто така, бил поделен според полот и девојчињата морале да се преместат во задниот дел на училницата.

„Денес моите девојчиња се вратија дома од училиште и ми рекоа дека биле принудени да клечат на молитвени килими и да се молат на арапски јазик. Девојчињата морало да бидат во задниот дел од училницата. Потоа танцувале на арапска музика и јаделе арапска торта. Моите девојчиња воопшто не сакале да бидат таму затоа што не можеле да разберат ниту еден збор од она што учителот го читал од Куранот на арапски јазик“, изјавил Маркус, еден од родителите за „Самхелснит“.

Кога родителите се соочиле со училишните власти, оттаму им рекле дека тоа е „играње улоги“.

„Очигледно бев вознемирен кога слушнав дека училиштето, за време на часот, ги дели децата по пол и да ги става девојчињата во задниот дел од училницата. Тоа е апсолутно лудо. Исто како и клечењето на килим и молењето кон Мека додека некој го рецитира Куранот на арапски“, вели Маркус.

Според него, клекнување пред лицето на „непријателска“ религија што ги угнетува и ги маргинализира девојчињата е во дијаметрална спротивност со самата идеја за училишно образование и испраќа погрешна порака, исто како и идејата дека едниот пол е некако поважен од другиот.

Маркус сака училиштето да се извини, да ги објасни своите постапки и да ги следи законите на Шведска. Тој побара директорот да биде суспендиран за време на истражниот период.

Инцидентот предизвика негодување на социјалните мрежи, каде многумина ги сметаат постапките на училиштето за несфатливи и ги толкуваат како знак на исламизација.

„Оние што се одговорни за ова треба да бидат веднаш отпуштени“, пишува еден твитерџија.

Со 8,1 отсто од населението, според извештајот на Пју за 2017 година, исламот е најголемата религија на малцинствата во Шведска.

Поврзани вести

Back to top button