Свет

Швајцарија: „Српски поздрав“ на новата банкнота на франкот ги налути Босанците

На новата швајцарска банкнота од 200 франци има мотив со три прсти, што ги налути граѓаните на Босна и Херцеговина кои работат во Швајцарија, па по тој повод се огласи Централната банка.

– Трите прста ги означуваат трите геометриски оски – икс, ипсилон и зет, се наведува во соопштението од Централната банка на Швајцарија.

Соопштението уследи по реакциите на социјалните мрежи дека станува збор за српски поздрав и прашањата дали станува збор за српска банкнота.

Централната банка на Швајцарија наведува дека трите оски претставуваат приказ на Големата експлозија, а трите оски го покажуваат правецот на ширење на материјата.

Поврзани вести

Back to top button