Македонија

Шиповиќ: Жерновски со пари од општина Центар бил да гледа фудбал во Франција

Претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ, тврди дека градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари.

Тој кажа дека градоначаникот лаже дека бил на приватно патување, а излегоа сметки дека тоа го платила општината.

Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, пишана Фејсбук Шиповиќ.

Шиповиќ и претходно на Фејсбук на Фејсбук откри дека Жерновски си плаќал службени патувања, за кои не побарал дозвола и не поднел извештај за целите на службеното патување, обвини Шиповиќ

-Забележливо е дека градоначалникот Андреј Жерновски си се шетал по Париз на сметка на Општината, а притоа од никого не побарал дозвола за тоа, ниту пак поднел извештај за службеното патување, пишува Шиповиќ. Секој што службено патува знае дека за да се изведе службено патување треба одлука Управен одбор(во нашиот случај Совет на општината) и потоа на истиот орган му се поднесува извештај за остварените цели и задачи на службеното патување.

На крај во статусот Шиповиќ прашува: „А лани нели имаше некој фудбал во Франција?“.

 

Поврзани вести

Back to top button