Шестгодишниот Михаил од Охрид го воодушеви светот
Мал по возраст но сепак голем по својот талент . 6 годишниот охриѓанец Михаил Сиљаноски љубовта кон музиката ја негува уште од најмали нозе. Интерес почнал да покажува на две годишна возраст гледајќи го својот татко како свири со бендот. Иако е првооделение сепак како прав професионалец свири на тапани а често компонира своја музика и на гитара. На малиот Михаил предзивик му е да настапува со групата Металика а за прв пат со палките затропал на песна од Мајкл Џексон.
Неговиот татко Мишко од кого го наследил талентот вели дека често на нивните денски свирки настапува и Михаил кој претставува вистинска атракција, а првото негово видео е објавено кога имал скоро три години.
Родителите на Михаил велат дека покрај неговиот талент кој го поседува тие во иднина ќе го подржуваат во целта да прерасне во врвен тапанар и музички да се едуцира.