Живот

Сензационално откритие: Научниците пронашле лек за леукемија?

Научниците од “Fred Hutchinson” центарот за истражување на карцином од Сиетл, пронашле нов, револуционерен метод за лечење на акутна лимфобластична леукемија.

Овој метод сè уште е во фаза на истражување, но резултатите кои ги покажал за време на истражувањето дале надеж дека лекот за една од најтешките болести на денешнината наскоро би можел да се најде во употреба.

Оваа терапија користи сопствени имуно-клетки да ги нападнат метастазите на ракот. Лекарите третирале Т-лимфоцити, вид на бели крвни зрнца, со помош на посебни молекули за да им овозможат да ги препознаат и нападнат станиците на тумор, а потоа се враќале во телото преку инфузија. Молекулите кои биле користени се познати како химерни антиген рецептори, добиени од специјално одгледани генетски модифицирани глувци.

Причина за надеж е тоа што овие истражувања дале одлични резултати. Дури 94% од учесниците на клиничкото истражување по овие терапии немале ниеден симптом на леукемија.

Уште една работа која ова открие го прави толку важно е тоа што овој процент на успешно лечење е остварен на пациенти кои биле во последен стадиум на болеста и на кои лекарите им предвидувале два до пет месеци живот.

“Вакво нешто никогаш претходно не е забележано во медицината, искрено, да се добијат вакви резултати кај пациенти кај кои болеста трае подолго. Сепак, пред нас е долг пат до конечното решение” рекол Стенли Ридел, лидерот на истражувањето.

Поврзани вести

Back to top button