Македонија

Седум ипол години затвор за свекорот од Пробиштип кој сакаше да ја силува и убие снаата

Основниот суд во Штип го осуди 67-годишниот Коце Мицев од пробиштипското село Ратавица на 7 ипол години затвор за обидот за силување и убиство на својата снаа, настанот кој минатата година ја потресе македонската јавност.

Како што пишува Вест, свекорот имал намера да ја грабне, силува и убие својата снаа, 36-годишната Д.М. која го напуштила неговиот син, 40-годишниот И. Мицев, кој учествувал во кобниот план. Во август 2016 година Мицев барал адекватно лице од Штип, кое за добар паричен надомест би ја грабнало снаата, која се преселила во Штип и се вработила во една штипска конфекција, по што тој за одмазда би можел да ја силува, па да ја фрли во бунар, каков што му бил планот, кој за среќа не се оствари.

Во текот на август минатата година свекорот договорил лице кое требало да ја грабне снаата, му дал 250 евра како аванс и му кажал дека ќе ја силува и фрли во бунар, по што лицето го пријавило во полиција.

И синот на Коце е осуден на 10 месеци затвор за  договарање грабнување.

Поврзани вести

Back to top button