Се урна хеликоптер во Украина, загина раководството на МВР (ВИДЕО)
Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во близина на детска градинка во киевската област.
– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби.
Како последица на несреќата загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца.
Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.
Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.
Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.
🇺🇦🚁🔥💥Ukrainian helicopter fell on a kindergarten
This was stated in the Ministry of Internal Affairs of Ukraine. At the moment, 5 victims are known.Footage of fire where the Ukrainian helicopter fell pic.twitter.com/g7TwiczUJ3
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) January 18, 2023