Се ,,грабнаа” тренери, помошници, па се приклучија и играчите (ВИДЕО)
Натпреварот меѓу Леотар и Зрињски, од босанската Премиер лига заврши со 1-1, но „борбата за победник“ продолжила и по натпреварот.
Објавени се видео-клипови по социјалните мрежи од тепачка меѓу луѓе од стручните штабови на двата клуба. Во физичкиот судир учествувал тренерот на гостинот, Зрињски од Мостар и кондицискиот тренер на овој клуб, како и неколку члена на домаќинт, Леотар.
На видеото се гледа како кондицискиот тренер на Зрињски во еден момент му скока на грб на еден од домаќините, а потоа самиот паѓа на земја. На сето ова му претходела кавга на прес-конференцијата, а и размена на лути зборови по соблекувалните. Срѓан Кулиќ, дел од стручниот штаб на Леотар им се обратил на гостите среде прес-конференција, замерувајќи дека еден нивен фудбалер пцуел.