Самсоненко: Вљубен сум во Македонија и ќе продолжам да инвестирам во Вардар
Сопственикот на македонскиот спортски бренд Вардар, Сергеј Самсоненко и официјално стави крај на сите шпекулации дека ќе си замине од земјата. Тој потврди дека Македонија е негов дом и дека наредната година ќе ги финансира трите секции на македонскиот клуб.
Тоа го потврди Ратко Капушевски, проект-менаџер на Сергеј Самсоненко за Македонија.
Сергеј Самсоненко е сопственик на три македонски клуба што носат гордост во оваа држава, а Зоран Заев е претседател на Влада и секако дека премиерот се гордее со успесите на Вардар, исто како што се радуваше и поранешниот и веројатно секој нареден доколку го задржиме ова ниво на квалитет. Што се однесува до некакви заладени или затоплени односи со премиерот – нема такво нешто, ние сме приватна компанија, интернационален холдинг, кој работи согласно регулативите и законските прописи во Република Македонија. Самсоненко останува во Вардар и во Македонија, изјавите што ги даде дека си заминува беа дадени од емотивни причини и потоа повлечени“ , рече Капушевски.
Иако, во август годинава јавно изјави дека ќе си замине од Вардар, револтиран од критиките поради цената на билетите на фудбалскиот натпревар против Фенербахче, како и поради одлуката легендарната јужна трибина да им се даде на располагање на турските навивачи, сепак на крај реши да остане во нашата држава.
Минатата година, машкиот ракометен клуб Вардар испиша историја и стигна до титулата во Лигата на шампионите, а нивните колеги од фудбалскиот клуб постигнаа историски успех и станаа првата екипа од Македонија која заиграла во групната фаза од Лига Европа.
Извор: http://www.nezavisen.mk/