Мистерии

Руски астроном: Астероид ќе удри во Земјата на 16 февруари

Минатата година вселенската агенција НАСА забележа објект кој би можел да биде астероид или комета, и кој се движи кон Земјата. Уште тогаш официјално објавија дека овој објект ќе помине на оддалеченост од 51 милион километри на 25 февруари оваа годинаи дека за нашата планета не претставува никаква опасност.

Неидентификуваниот објект наречен 2016 WF9 откриен е минатата година, ја помина орбитата на Марс и е откриен од НАСА.

Сепак, Дјомин Захарович, самопрогласен астроном од Русија тврди нешто сосема спротивно. Тој смета дека објектот се движи директно кон Земјата и дека ќе ја погоди на 16 февруари при што ќе предизвика катаклизмични мега цунами, пишува Дејли меил.

-НАСА уште од октомври минатата година знае дека објектот WF9 ќе ја погоди Земјата. Ако астероидот ја погоди Земјата може да се уништат цели градови или да се предизвика цунами. Сите сме во опасност, тврди Захарович.

-Двиежењето на објектот многу добро го знаеме и не е никаква закана за Земјата, напишаа од НАСА на нивната страница.

Објектот е прилично голем со пречник од 0,5 до 1 километар. Темен е и рефлектира само неколку проценти светлина. По обликот одговара на комета, иако му недостасува карактеристичната прашина и облак кој ја дефинира кометата.

Поврзани вести

Back to top button