Руската манекенка која го обвинила Путин дека ги отрул неа и нејзиниот сопруг е проститутка, а нејзиниот сопруг е макро
30-годишната Ана Шапиро, руска манекенка, и нејзиниот сопруг, 42-годишниот Алекс Кинг, лажирале труење со нервниот агенс новичок во Солисбери за да добијат 5 минути слава.
Се воспоставило дека Ана работи како ескорт дама, односно проститутка, и дека своите услуги ги наплаќа по 4.000 фунти за вечер, а дека сопругот и е макро.
Двајцата за британските медиуми раскажале дека им се слошило додека во неделата јаделе во ресторан во Солисбери, град во кој со новичок се отруени поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Ана следниот ден рекла дека била отруена по наредба на претседателот на Русија, Владимир Путин – бидејќи го критикувала.
Се воспоставило и дека Кинг е поранешен бизнис партнер на Еди Давенпорт, наречен Брзиот Еди, кој сега е во затвор. Двајцата организирале оргии со руски проститутки. Кинг ја запознал Ана во 2008. година, додека ја водел модната агенција “007”, а се венчале минатиот месец.
Во полицијата велат дека веруваат дека целата оваа приказна со труењето е лага и дека повторно ќе го испрашаат овој брачен пар. Некој од новинарите дури и го прашал Дмитри Песков за коментар, кој го одговорил тоа што секогаш го зборувал откако Британија прв пат ја обвинила Русија за труење со новичок: “Нема никаков смисол да се коментираат таквите обвиненија. Тоа е аспурдно”.