Свет

Русија: Терористите на ИД се подготвуваат за упад во Заедницата на независни држави

Разузнавачките служби на Заедницата на независни држави (ЗНД) забележале пораст во активностите на одредите на терористичката Исламска држава во Авганистан, кои планираат да се прошират во земјите на ЗНД, изјави директорот на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), Александар Бортњиков, пренесува „Хаарец“.

„Бележиме пораст на активностите на одредите ИД во Авганистан, здружени во т.н. ’Вилајет Хорасан‘. Во тесна врска со нив се и Џамат Ансарулах и Исламското движње на Источен Туркестан. Нивната цел е создавање отскочна штица за ширење на просторот на ЗНД,“ рече Бортњиков на состанокот на Советот на директори на безбедносните агенции и специјалните служби на ЗНД.

Како што истакна тој, се претпоставува дека ова ширење ќе го спроведуваат милитанти од редовите на граѓаните на средноазиските држави.

Според Бортњиков, терористите сфаќаат дека се поразени на териториите на Сирија и Ирак, па затоа ги повлекуваат преостанатите сили надвор од Блискиот Исток. Создаваат нови зони на нестабилност во Азија и Африка и формираат мрежи од „заспани ќелии“ во Европа.

Во Авганистан се наоѓаат околу 10.000 припадници на ИД, а голем дел од нив се концентирани во северните и во источните провинции на земјата.

„Западните земји почнааа активно да се обидуваат да ја поткопуваат внатрешната ситуација во змјите на ЗНД со помош на невладините организации. Исто така треба да се издвојат интензивираните обиди на Западот да изврши деструктивно надворешно влијание врз внатрешната политичка ситуација во земјите на ЗНД. Странските и меѓународните невладини организации се традиционални средства за такво мешање во независните држави. Сметаме дека заканите што се создаваат на овој начин исто така го заслужуваат нашето внимание“, објаснува Бортњиков.

Тој посочи дека ФСБ располага со податоци за околу 2.000 руски државјани, членови на семејствата на терористите, кои се подготвени да се вратат од Блискиот Исток и да изведуваат терористички активности во Руската Федерација.

Тој истакна дека хуманитарните коридори се еден од каналите преку кои терористите и нивните семејства влегуваат во Русија од зоната на вооружени судири. Според него, повратниците често дејствуваат како носители на екстремистичката идеологија, а водачите на бандите ги гледаат како потенцијални бомбаши самоубијци, пропагандисти и лица за врбување.

Директорот на ФСБ напомена дека и самите терористи главно ги следат каналите за нелегална миграција и добиваат поддршка од етничките групи за организиран криминал во местата во кои престојуват.

Поврзани вести

Back to top button