Русија стои зад исмевањето на Славјанка, падот на Орбан само слеп не го гледа, сите анализи на Ефтов
Новинарот Васко Ефтов смета дека руски структури стојат зад потсмевот со кој беше пречекана посетата на министерката за одбрана Славјанка Петровска на Британија. За време на посетата, Петровска беше дочекана со песната Јовано Јованке наместо со македонската химна, по што следеше исмевање со нејзиниот физички изглед.
Според Ефтов, ова не е ништо наивно.
„Не се работи за обична мизогена хајка базирана на говор на омраза против една жена. Хајката против Славјанка е нешто многу пострашно, тоа е медиска пропаганда менаџирана од Русија со цел подривање на македонската безбедност. Нападот кон неа е напад кон македонската Влада и македонските безбедносни институции. Таа не е обичен граѓанин. Таа е министерка за одбрана и шеф на македонската армија, таа командува со војската, генералите нејзе и реферираат“, порача Ефтов во својата емисија насловена „Мали Руси, Бели Руси и Македонски Руси“.
Покрај ова ќе останат запаметени анализите на Ефтов дека Александар Вучиќ и Виктор Орбан катастрофално ќе изгубат на изборите.
Поради ова голем број на луѓе почнаа како што велат да ги набројуваат како што велат пророштвата на Ефтов.
1. Вмро со Мицковски никогаш нема да победе на избори ( победа у размер 10-1)
2. Падот на Орбан само слеп не го гледа ( најголема победа до сега)
3. Вучиќ за кратко ке биде минато во Србија( победа со 60% гласови)
4. По поразот на Орбан, Груевски со едната нога е веќе кај Ердоган.
Пред 20 дена напиша дека Русите имат гориво уште за 2 дена.