Свет

Русија акумулира голем број војници кај Харков

Русија концентрира војници и опрема во близина на границата спроти Харков за можен обновен напад врз вториот по големина град во Украина, предупреди генералот одговорен за одбраната на градот.

Бригадниот генерал Серхиј Мељник, командант на гарнизонот во Харков, изјави за Телеграф дека Русија редовно пукала со тенковски гранати и испраќа ирански камикази беспилотни летала преку границата откако се повлече од позициите северно од градот во август.

„Ситуацијата не е мирна. Од другата страна на границата Русите акумулираат голем број војници и опрема. Не знаеме што ќе прават понатаму“, изјави Мељник за Телеграф во понеделникот и продолжи:

„Можеме да претпоставиме – или ќе одат во правец на Харков или кон Доњецк. Кога ќе почнат да се движат во борбен ред, ќе разбереме каде одат.Ова може да значи дека Русија се мобилизира за да ги надополни војниците побрзо отколку што сугерираат многу западни аналитичари.

Пред една недела Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија.

Многу западни аналитичари истакнаа дека се потребни два до три месеци за пристигнување на воените регрути на боиштето бидејќи пред тоа треба да бидат обучени, опремени и интегрирани во нивните единици.

Сепак, извештаите од Русија сугерираат дека многу регрути биле испратени во единиците на првата линија со само еден ден обука.

Поврзани вести

Back to top button