МакедонијаТоп

РСЕ: Државна лотарија закупи поранешен ресторан за свадби за 2,6 милиони евра

Имено според РСЕ, последниот ден од месец мај Државна лотарија објавиле јавен повик за прибирање понуди за закуп на деловни простории, но, резултатот за изборот на компанија од јавниот повик останал „таен“ . Новите простории на Државна лотарија се наоѓаат во поранешен ресторан за свадби во Визбегово, кој претходно бил под закуп од друг сопственик. До април 2023 година сопственик на земјиштето и објектот е „Маркони инженеринг“, кога и го продава имотот на компанијата „Хеј ДООЕЛ“. Оваа компанија е основана само два месеца претходно, односно на 2 февруари 2023.

Три месеци подоцна, „Хеј ДООЕЛ“ склучува договор за закуп на деловен простор со Државна лотарија за сума од 2,6 милиони евра за период од 10 години. „Хеј ДООЕЛ“ е во сопственост на Армин Машовиќ, поранешен бизнис партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“

Според пишувањето на РСЕ, сопственикот кој му го рента објектот на акционерското друштво бил поранешен бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, кој медиумите претходно го поврзуваа со семејството на Али Ахмети.

Целосната анализа може да ја погледнете тука.

Поврзани вести

Back to top button