Дејвид Рокфелер не само што беше најстариот жив милијардер, туку и веројатно најпознатиот и најспомнуваниот. Овој ексцентричен човек имал голема моќ и влијание во текот на целиот живот, како на полето на политиката, така и во уметноста и образованието. Тој беше претседател на Музејот на модерна уметност и ја водеше кампањата да ги натера корпорациите не само да купуваат и прикажуваат уметност во нивните згради, туку и да ги поддржат локалните музеи.
Дејвид Рокфелер беше познат и по својата филантропија, оставајќи 225 милиони долари на Фондацијата „Браќата Рокфелер“, фондација која промовира глобални општествени промени. Тој, исто така, даде 100 милиони долари на Музејот на модерна уметност, чиј коосновач беше неговата мајка, Абигејл Грин Олдрих Рокфелер, во 1929 година, како и на Универзитетот Рокфелер, објави Блумберг. Тој, исто така, му даде на Харвард донација од 100 милиони долари во 2008 година. Од 2016 година, Дејвид Рокфелер имаше проценета вредност од повеќе од 3 милијарди долари.
Меѓутоа, и покрај сето добро што го правел, се вели дека неговите очи биле полни со зло и дека кај луѓето предизвикувал страв.
„Тоа е вид на поглед што прави крвта да ви се смрзне во вените. Во него чувствувате зло, многу зло. Дури и кога помина покрај нас, на половина метар од местото каде што седевме. Кога го видов, кога го видов тоа лице, ми пролазија морници низ телото. Тој можеше да создаде таква атмосфера околу него и кога седеше на масата, го видов сето студенилото во неговите очи. Тоа беа мртви очи, напиша новинарот Дејв Дерби по средбата со Рокфелер, а пренесува „Јутарњи.хр“.
Вакво нешто не е чудно со оглед на неговата темна страна, која не се ни обидувал да ја сокрие во текот на животот. Познато е дека бил опседнат со вечниот живот, а починал кога имал 101 година.
Сакаше да живее 200 години
На 99-годишна возраст ја направил шестата трансплантација на срце, бидејќи сакал да живее најмалку 200 години.
“Секогаш кога добивам ново срце, тоа е како низ моето тело да тече нов здив. Се чувствувам подмладен и полн со живот”, им се пофалил Дејвид на новинарите само 36 часа по операцијата, додавајќи:
„Заработив многу пари во животот, но поголемиот дел ги дадов. Нема смисла тие пари да ги чувате само за себе“, рекол Рокфелер кој бил полн со оптимизам, желба и надеж дека ќе успее да живее два века. Меѓутоа, смртта го изненадила на 101 година.
Инаку, покрај трансплантација на срце, милијардерот преживеа и две трансплантации на бубрег, а се шпекулираше дека милијардерот купувал органи на црниот пазар, иако тоа никогаш не беше потврдено.