Живот
Револуционерно откритие, збогум на неплодноста кај мажите
На неплодноста кај мажите е ставен крај: Направен е робот кој сперматозоидите ги води до јајцеклетките.
Институтот за интегративна медицина со седиште во Дрезден, развил систем со помош на кој би се управувале сперматозоидите по механички пат за да дојдат до целта.
Еден од проблемите за неплодноста кај мажите ширум светот е неподвижноста на сперматозоидите.
Германските научници измислиле транспорт на неподвижните сперматозоиди до неоплодената јајце клетка.
Имено, планот подразбира вградување микроскопски спирали на репот на сперматозоидот кои би служеле како пропелер кои јајцеклетката би ја привлекол како магнетно поле.