Свет

Хрватска политичарка ги навреди Србите: На Риека не ѝ требаат врби затоа што таму има малку Срби

Денес е објавено дека Одборот за избор, именување и разрешување на Градското собрание на Риека упати барање за разрешување на градската претседателка на Одборот за национални малцинства Милиновиќ.

Ивона Милиновиќ, претседателка на Одборот за национални малцинства во Градското собрание на Риека од редовите на партијата ХДЗ во Хрватска, на крајот од септември учествуваше во интернет емисија на водителот Марко Јуриќ, наречена „Podcast Velebit“.

Поголем дел од емисијата таа со водителот го поминала зборувајќи за Србите. Јуриќ, според пишувањата на „Индекс.хр“, на пошироката јавност во Хрватска ѝ е познат откако поради говор на омраза Агенцијата за електронски медиуми ја затворила телевизијата на која тој имал емисија.

Според „Индекс“, двајцата поголемиот дел од емисијата разговарале за Србите, а во еден момент отвориле тема и за фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит и нивните навивачи наречени „Торцида“.

Водителот Јуриќ споменал една песна која навивачите на Хајдук често ја пеат, а таа ги додала деловите кои тој ги пропуштил.

Во песната во која навчите од Сплит ги навредуваат оние на Риека, има дел од песната кој вели „Шугава Риека полна си со Срби, не се грижи Риека, има уште врби“,  ја цитирала Милиновиќ оваа навредлива песна.

Потоа, таа дала свое гледање за оваа песна. Првенствено рекла дека не ѝ пречи навивачкиот фолклор, а потоа додала дека на Риека не ѝ требаат врби затоа што нема многу Срби.

– Немам ништо против навивачкиот фолклор. Но имам против тоа што во моментов го прави „Торцида“, на Хрватска и прави штета. Навистина е непримерно да се пеат такви песни. Меѓутоа, ако сме безобразни, луѓето треба да знаат дека во Ријека има 6,5 отсто Срби, нам не ни требаат врби, можеби им требаат на луѓето во селата во Далмација каде има 30, 40 отсто – рекла членката на партијата ХДЗ.

Денес е објавено дека Одборот за избор, именување и разрешување на Градското собрание на Риека упати барање за разрешување на градската претседателка на Одборот за национални малцинства Милиновиќ. Одборот се состанал на итна седница свикана по повод на изјавата на Милиновиќ.

– По сраминиот случај и говорот на образа со кој претседателката на Одборот за национални малцинства Ивона Милиновиќ се посрамоти себеси и целото Градско собрание, упатено е предлог за нејзнино разрешување. За ваков провокативен говор нема место во јавниот простор и без оглед на дополнителната исправка и релативизација на она што го изговори, таа мора да одговара за своите постапки, особено поради тоа што ова не ѝ се случува првпат – стои во соопштението.

Дополнително, претседателот на Градското собрание Андреј Поропат на социјалните мрежи наведе дека очекува од Милиновиќ да поднесе оставка од одборот на која е претседател.

Поврзани вести

Back to top button