Речиси 4.000 познати личности се жртви на лажни порнографии со помош на вештачка интелигенција
Најново истражување покажа дека илјадници познати личности биле жртви на deep-fake порнографија, пишува Гардијан.
Анализата на британскиот Канал 4 на петте најпосетувани deep-fake веб-страници покажа дека на листата има речиси 4.000 познати личности, од кои 255 се Британци.
Меѓу нив има актерки, телевизиски ѕвезди, музичари и јутјубери, чии лица се вметнати во порнографски материјали со помош на вештачка интелигенција.
Истрагата утврдила дека страниците имале над 100 милиони прегледи за само три месеци.
„Навистина злобно е чувството што не можам да видам кој го направил ова, и секој може да ја види оваа моја имагинарна верзија, оваа моја лажна верзија“, рече телевизиската водителка Кети Њуман, која беше идентификувана како една од жртвите.
Во Обединетото Кралство оваа година беше донесен закон со кој споделувањето такви слики без согласност е незаконско, но создавањето на содржината не е. Има сè поголеми проблеми со злоупотребата на вештачката интелигенција и технологијата за deep-fake, не само во порнографските содржини како една од најгрозоморните форми.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони е повикана да сведочи на судењето за објавување лажни порно фотографии од неа