„Реализацијата на капиталните инвестиции на министерството за транспорт и врски се во висина од 55 отсто“
Реализацијата на капиталните инвестиции на министерството за транспорт и врски се во висина од 55 отсто, додека значително зголемување се очекува во третиот и четвртиот квартал годинава, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Прилеп, каде што изврши увид на работите на патната инфраструктура во индустриската зона Прилеп.
Директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски информира дека е предвидено да се изгради на клучка на две нивоа како и пристапни патишта.
Вкупната должина на пристапните патишта до зоната е околу 2,8 километри или вкупната инвестиција е од околу 4 милиони евра.
Целиот проект ќе биде готов за 15 месеци со што ТИРЗ Прилеп ќе постане целосно функционална зона.
– Работите започнаа да се одвиваат пред еден месец и очекувам за година и половина да биде изградена клучката заедно со пристапните патишта и водоводот за зоната со што ќе им ја олесниме работата на сите компании кои моментално работат во оваа зона, но и на идните инвеститори -рече Младеновски.