МакедонијаТоп

Отец Пимен до бугарскиот професор: Кога се канонизира некој човек за светител на црквата божја, тој се прогласува за жител на небесата, а не на некоја земја

Кога се канонизира некој човек за светител на црквата божја, тој се прогласува за жител на небесата, а не на некоја земја земна. И тоа го знае секој човек кој барем грам вера има повеќе отколку национално слепило, се вели во реакцијата на владиката Пимен по вчерашните напади од Бугарија и за чинот на канонизацијата за светител на Кирил Пејчиновиќ.

„А сепак ете за жал, некој професор од Бугарија реагира на тоа дека канонизација било крадење историја и со тоа покажува дека е далеку од верата, а блиску до национализмот. И дека за него нема ништо свето, во случајов дури ни лешочкиот светител.

А свети Кирил Лешочки е нашиот нов светија и на целата Црква православна.
Затоа, поклонувајќи се пред неговите свети мошти, да повикаме: Свети Кириле Лешочки, прости ни што радоста на небесата ти ја расипуваме со нашите земни и тесногради размислувања и препукувања. И моли се за сите нас, па какви и да сме, та да бидеме подобри“, објави на својот фејсбук-профил владиката Пимен.

Бугарскиот професор Пламен Павлов од униерзитетот во Велико Трново смета дека чинот на канонизација за светител на Кирил Лешочки од страна на Македонската православна црка е богохулење, крадење на историјата, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија и невидена злоупотреба на историјата.

Поврзани вести

Back to top button