Македонија
Разбиена албанска криминална група,која „оперирала“ и во Македонија
Полицијата од албанскиот пограничен град Пешкопеја го уапсила водачот на криминалната група, позната како „Сенки во ноќта“, која вршела кражби и разбојништва во четири држави, меѓу нив и во Македонија.
– Уапсено е лицето Бледар Рочи (20) од селото Здојан, Пешкопеја, кој веќе има криминално досие. Истиот е неколкупати осудуван за разни кривични дела. Во исто време потерница е издадена за три лица, членови на групата на возраст од 23 и 25 години, кои исто така се осудувани лица, стои во полициското соопштение.
Криминалната група освен во Албанија и во Македонија, вршела кражби и разбојништва и во Косово и Грција.