„Пуцко петрол“ доби два нови тендери од МВР и Општина Битола
Фирмата „Пуцко петрол“ во сопственишство на градоначалникот на Пласница од ДУИ, Исмаил Јахоски, доби два нови тендери овој пат од Општина Битола за набавка на лесно масло за горење – екстра лесно масло за затоплување ЕЛ-1 за потребите на општината, основните училишта, средните училишта и детските градинки во надлежност на Општина Битола во вредност од 34 милиони и 113 илјади денари, односно 554.000 евра како и тендер распишан од Министерството за внатрешни работи за набавка на гориво и течен гас со вредносни ваучери со вкупна вредност од 13 милиони и 924 илјади денари или 226.406 евра.
Според Бирото за јавни набавки, „Пуцко петрол“ во периодот од 1 јуни 2017 година, кога дојде до промена на Власта, до денеска има добиено преку 400 тендери за снабдување на државни институции со гориво со севкупна вредност од над 2.1 милијарда денари или околу 34.5 милиони евра.
(извор – Макфакс)