СветТоп

Путин потпиша анексија на четири украински региони, „Наместо мајка и татко, родител 1 и 2, наместо образование операции за промена на пол, тоа е сатанизам, затоа им пречи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ги потпиша документите за соединување на четирите украински региони со Русија.

Путин ја поздрави одлуката на жителите на овие региони и нагласи дека ова е резултат на борбата на русите за “вистински живот” во кој ќе можат да ја негуваат руската култура и да го зборуваат рускиот јазик.

„Западот сака и кај нас како кај нив наместо мајка и татко да имаме родител број еден, родител бтој два, три. Наместо развој на образование да се финнасираат операции за промена на полот. Тоа е сатанизам, тоа го сака Западот. Тие се навикнати на корупција, на скандали, им пречи самото постоење на Русија, на нашата култура и филозофија.

Во ваков свет тие гледаат шанса да ги задржат своите хегемонии во овој еднополарен свет, но во светот насекаде веќе диктатурата станува минато, светот се ослободува од западната хегемонија.

Ова што го правиме го правиме за нашата држава, за големата Русија, за идните поколенија. На нас ни е потребна консолидација на целото општество, потребна е слобода, наша вредност е милосрдието“, истакна Путин.

Путин цитираше познат руски филозоф на крајот на неговиот говор: “судбината на народот е и моја судбина”.

Регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје веќе официјално се дел од Руската Федерација!

Поврзани вести

Back to top button