МакедонијаТоп

Протести против рудникот во Иловица: Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, тоа ќе доведе до насилни судири

Со свирчиња, транспаренти, македонски знамиња, еко-активисти граѓани, претставници на општинската управа и претставници на црквата денес протестираа против одлуката на владата да ги спои концесиите и да дозволи во Иловица да профункционира рудник. Протестантите ја запалија одлуката на владата со која се дозволува спојување на концесиите и порачаа дека по ниедна цена нема да дозволат отварање на рудникот

-Немојте да мислите дека ќе се отвори рудник, зашто тоа ќе доведе до отворени насилни судири и дестабилизација на државата. Такво нешто никогаш нема да има, рече еден од демонстрантите.

Активистите го нарекоа спојувањето на концесиитее „криминален заговор против сите граѓани на Македонија“. Побараа да биде одземена концесијата и да нема рудник. Критики упатија и кон ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и кон ДУИ.

Милена Зафирова претставничка на иницијативата „Здрава котлина“ рече дека солидарноста човечноста и колективната свест се хероите во нивната борба заедно со љубовта кон татковината.

-Само народ ќе го сопре овој рудник. Тоа се случува денес. Нема да има рудник. Влада, премиер, министри, политичари, судии корумпирани, 30 години понижување делби, крадење на се што можеше да се краде, посегнавте по воздухот, водата, почвите! Решивте измачениот земјоделец да го докусурите, нашите чесни и намачени земјоделци, луѓето со земја под ноктите кои ги вадат најчистите пари, кои работат како мравки, ја полнат кошницата со највкусните плодови посегнавте по струмичка котлина, рече Зафирова.

Според најавите протестите ќе продолжат и во иднина заедно со кривични пријави, герила акции и борба на сите нивоа.

Поврзани вести

Back to top button