Македонија
Пронајдени девет лажни вина во Хрватска, три се од Македонија
„РТЛ“ објави дека Земјоделска инспекција направила анализа на виното, при што било откриено дека на пазарот има дури седум фалсификати.
Седум вина биле фалсификувани со додавање вода и шеќер чие потекло не е грозје, а засега не се откриваат повеќе информации.
„Извршени се 84 инспекции, при што откриени се девет лажни вина од трети земји, односно пет од Косово, три од Македонија и едно од Босна и Херцеговина“, велат од „РТЛ“ за Државниот инспекторат.