Македонија
Притворен дилер на хероин во Битола
Педесет и петгодишен битолчанец доби 30-дневен притвор за продажба на хероин. Според информациите од МВР, Б.Е. на почетокот на овој месец од непознато лице неовластено набавил хероин кој го препакувал во помали пакувања и го продавал на подрачјето на Битола.
Вчера од страна на полициски службеници биле извршени претреси во домот и во местото каде што престојува пријавениот. При претресите биле пронајдени една најлонска кеса, во внатрешноста со повеќе мали кеси со различна големина спремни за пакување на дрога и едно поголемо пакување со хероин обвиткана со селотејп. Вкупно биле пронајдени 243 грама претставува хероин.