Поради сомневање за нелегална трговија со човечки органи, инспекција привремено затвори четири болници во Приштина, и против 17 здравствени работници и персонал поднесе кривични пријави. Сите тие предмети се во истражна постапка.
Нора Красниќи, в.д. главен инспектор за здравство во косовското Министерство за здравство, изјави дека при инспекцијата во тие приватни болници утврдила дека се вршеле нелегални активности.
Здравствената инспекција, заедно со косовската полиција, спроведе инспекции во некои приватни болници со лиценца за давање услуги во областа на медицинското оплодување.
Портпаролот на полицијата изјави дека Одделението за спречување трговија со човечки органи во инспекцијата утврдило низа криминални дела, незаконска трансплантација и трговија со човечки органи во тие болници.