Македонија
Пријавен тренер по карате, им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички, ги терал да сликаат мало девојче!
Синоќа во полициска станица од страна на две скопјанки бил пријавен тренер по карате, кој им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички.
– На 16.01.2023 во 22.00 часот во полициска станица во Скопје две скопјанки, на возраст од 38 и 41 година, пријавиле дека за време и после тренинзите во карате клуб кои се одржувале во сала на подрачјето на Скопје, на нивните две малолетни ќерки од страна на тренерот им биле покажувани фотографии со експлицитни содржини и од нив барал да фотографираат друга малолетничка, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.