Живот

Превземете мерки против алергиите

Дали знаете дека честиот осип на кожата на вашето дете, како и честото течење на носот, може да укажува на појава на алергија.

Доколку на овие појави не изреагирате на време, вашето дете може да заболи од тешки облици на алергија, асма и респираторни инфекции покасно во животот. Затоа е важно одма да преземете превентивни мерки за да го намалите ризикот.

Не ги игнорирајте симптомите

Доколку вашето дете пати од воспаление на увото или често му тече носот, обавезно однесете го на доктор за да ги испита овие симптоми.

Распрашајте се за семејната историја на болести

Доколку постојат случаеви на алергија во фамилијата, вашете дете е возможно да заболи од тоа.

Не давајте му на детето кравјо млеко и јајца додека не наполни една годна

Во случај некој од семејството да има алергиско заболување, посоветувајте се со докторот за воведување во исхраната на детето потенцијално ризични намирници. Во оваа категорија спаѓаат кравјото млеко, јајцата, рибата, морските плодови, сојата, производите од пченица, глутен.

Доколку се сомневате дека одредена намирница е причина за алергија, обратете се кај докторот

Секогаш посеветувајте се со докторот пред воведување или исфрлање на одредена намирница во исхраната на детето.

Докторот може да направи тест за алерија

Со овој метод можете да откриете дали и на кој намирници детето е алергично.

Поврзани вести

Back to top button