БизнисСветТоп

Претставен хуманоиден робот, ќе чини како Шкода и според Маск би требало да ги замени луѓето (ВИДЕО)

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, промовираше прототип на хуманоидниот робот „Оптимус“, предвидувајќи дека производителот на електрични возила ќе може да произведе милиони примероци и да ги продаде за помалку од 20.000 долари.

„Имаме уште многу работа за да го подобриме  „Оптимус“, рече Маск на претставувањето на роботот во канцеларијата на „Тесла“ во Пало Алто, Калифорнија.

Маск истакна дека очекува компанијата да биде подготвена да прима нарачки за „Оптимус“ за три до пет години.

Прототипот на моделот за кој Тесла рече дека го развил во февруари излезе да ги поздрави насобраните луѓе со мафнување на раката , со видео на кое се гледа како прави едноставни задачи како што се наводнување растенија и носење кутии.

Тимот иноватори го извади робот на инвалидска количка тешка 73 килограми, а Маск изјави дека се надева дека роботот наскоро ќе може да оди.

Поврзани вести

Back to top button