РелигијаТоп

Преподобен Серафим Саровски: Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“

Преподобен Серафим Саровски

Еден од најголемите руски подвижници, проѕорливци и чудотворци. Роден е во 1759 година, а се престави во 1833 година. Се одликуваше со големо смирение. Кога сиот свет го славеше, самиот себеси се нарекуваше „кутриот Серафим“.

Тропар
Од младоста Христа си го засакал, блажен, на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш. Си се подвизувал со непрестајна молитва и труд во пустината, со умилно срце си ја стекнал љубовта Христова, си бил избраник на Божјата Мајка. Поради тоа и ние Ти повикуваме: Спасувај н? нас по твоите молитви, Серафиме, преподобен оче!

Свети Силвестер, eпископ Римски

Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се исползува со поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување за верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така на пример го укина постот секоја сабота, како што дотогаш се држеше кај некои христијани, и одреди да се пости само на Велика Сабота, како и оние саботи што паѓаат во пости. Со своите молитви и чуда помогна да се обратат во вистинската вера и да се крстат царот Константин и неговата мајка Елена. ? содејствуваше на царицата Елена да го пронајде Чесниот Крст. Со Црквата Божја управуваше дваесет години и животот го заврши чесно.

Тропар
Силата Господова преку тебе во кротост се претвори, о смирен слуго Господов Силвестре, а смирението ти подари пријател во лицето на Духот Свет, о исповедниче на вистината до крајот на времињата, Христос по твоите молитви, ги приведува во рајот на сладоста оние кои преку тебе во Него поверуваа.

Света Теодота

Мајка на Светите браќа Козма и Дамјан, бесребреници и чудотворци. Живееше богоугодно, па така ги воспита и своите синови.

Преподобен Амон

Голем подвижник на 5 век. Беше настојател на манастирот Тавенисиот во Горен Мисир. Под негово раководство се подвизуваа околу три илјади монаси. Имаше благодатен дар на чудотворство и проѕорливост. Кога еден монах го прашал за совет, преподобниот му одговорил: „Биди сличен на престапник во затвор и како што таквиот постојано прашува кога ќе дојде судијата и ти така прашувај се со страв“.

Претпразненство на Богојавление

Поврзани вести

Back to top button