Свет

Премиер собираше ѓубре од плажа (ВИДЕО)

Индискиот премиер Нарендра Моди на Твитер објави видеоснимка на која, пред посетата на земјата на кинескиот претседател Си Џинпинг, собира отпадоци од плажа покрај луксузниот резорт Мамалапурам, каде е сместен Си.

Моди и Си во петокот се сретнаа и разговараа во Мамалапурам, крајбрежно место кое е дел од листата на Светското наследство на УНЕСКО, а во светот е познато по интересните историски споменици.

На снимката се гледа Моди како бос собира од плажата пластични шишиња, кори од банани и останати отпадоци и ги става во голема пластична вреќа.

„Утринско чистење отпадоци од плажа во Мамалапурам. Траеше повеќе од 30 минути. Својата „колекција“ му ја предадов на Џејараџ, еден од вработените на ризортот“, напиша индискиот премиер. „Да се погрижиме јавните површини да ни станат чисти и уредни! Да се погрижиме и за тоа да останеме здрави и во форма“.

Поврзани вести

Back to top button