Религија

Православни светители кои се празнуваат денес

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

PRAVOSLAVIE

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Свети Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Авксентиј свештеник, а Мардариј прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Авксентиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Свети Орест, кога нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги надвишуваше останатите. Авксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј во огнена печка. Пред смртта Св. Евстратиј се причести во затворот од Св. Власиј (под 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во Цариград и положени во црквата со името на овие Свети Петочлисленици. Во таа црква ги видувале и живи, а Св. Орест му се јави и на Св. Димитриј Ростовски (под 28 октомври). Од Св. Евстратиј остана една прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају тја, Господи!“

Со мајка ѝ го посети гробот на Св. Агатија во Катанија, каде што ѝ се јави Св. Агатија. Нејзината крвоточива мајка тогаш се исцели чудотворно во црквата. Лукија им го раздаде сиот свој имот на ништите, што го огорчи нејзиниот вереник, којшто ја обвини како христијанка кај судијата Пасхасиј. Злобнито судија нареди да ја одведат во блудилиште за да ја осквернат. Но со Божјата сила таа стана неподвижна, како закована за земјата и многубројни луѓе не можеа да ја помрднат. Тогаш некој разјарен незнабожец ѝ забоде меч во грлото и таа Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада во 304 година.

Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски

Во страшното време на турското владеење овој голем јерарх отиде на Московскиот Собор во 1655 година. Кога се врати го обвинија за велепредавство. Притоа неколкумина зли Евреи покренаа против него обвинение затоа што беше превел неколку Евреи во Христовата вера. Во обвинението Евреите наведоа дека тој работи на покрстувањето на Турците, а рекоа така за со тоа да ги наострат против него турските власти. Судот му пресуди да ја прими мухамеданската вера. Но бидејќи не сакаше, по извесно време поминато во затвор го осудија на смрт и го обесија во Бруса, во 1659 година. Овој Свет Гаврил од својот возљубен Христос беше даруван со два венци, на јерарх и на маченик.

Поврзани вести

Back to top button