Живот
ПОЗНАТИОТ СРПСКИ ВОДИТЕЛ СТАНУВА СВЕШТЕНИК – еве која е причината за таа одлука
Дејан Станковиќ, познат како Деки Крал, е српски водител и учесник во реално шоу. Тој беше домаќин на контроверзната емисија „Луда куќа“, а во 2010 година беше еден од учесниците во реалното шоу „Фарма“.
Дејан на крајот на 2016 година стана учесник во реалното шоу „Парови“, Станковиќ се повлече од јавноста во последните години, а сега ги изненади сите со нов оглас.
Имено, тој напиша дека сака да ги остави зад себе сите работи што досега ги имал и да стане свештеник.
– Сакам да станам свештеник !!! Како дипломиран теолог, напишав молба за ракополагање. Ако моето барање биде одобрено, ќе се вратам во Србија како свештеник – се наведува во соопштението на поранешниот водач, кој моментално живее во Брисел.