Македонија
Пожар над манастирот во село Селце, евакуирани 500 деца на екскурзија
Голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“.
Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци.
Инаку пожарот започнал во моментот кога кај манастирот се наоѓале околу 500 ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп кои таму биле на еднодневна екскурзија.