МакедонијаТоп

Повторно нападната студентка пред ПМФ, ѝ ја свиткал раката, украл телефонот и ја турнал

Вчера околу 09:15 часот девојка, студентка на била нападната од маж на патеката коај водела до факултетот до Природно матемачкиот Факултет во Скопје ( ПМФ) и притоа и бил одземен мобилниот телефон што го носела, и ја свиткал раката ја турнал на улица при што лицето веднаш избегало. Овој настан го објави сестрата на нападнатата девојка на социјалните мрежи.

– За неспособноста на институциите зборува самиов овој напад кој го доживеа сестра ми, затоа што една година очигледно не им е доволна да го разрешат разбојничкото однесување кое се случува на самиот влез пред една институција како што е Природно математички факултет во Скопје. Тие разбојници имаат слобода да шетаат и да ги вознемируваат, напаѓаат и под присила со нож или физичко насилство да им ги изнудат вредните материјални средства кои тие како студенти ги имаат, телефоните. Во ваква држава ли треба да живеат студентите?? Каде не само што образовниот систем ни е на ивицата од колапс па и институција како МВР која треба да обезбеди сигурност и безбедост за своите граѓани не си ја вршат својата должност пишува Тамара Николовска

Николовска притоа поставува прашање до МВР и Оливер Спасовски е дали толку е неспособна институцијата како поим да не може да разреши “ситни” крадци или сепак во прашање е нешто друго и поголемо? Затоа што ситен крадец не би му пркосел волку време на правниот систем без да биде пронајден и елиминиран, но очигледно е дека секое нешто што се случува во нашава Македонија е надвор од контрола и народот треба да почне да се запрашува дали воопшто безбеден во држава во која очигледно правен систем има, но не за секого. Ние обичните смртници и нашите браќа, сестри, мајки и роднини можеме да бидеме мета на напади, грабежи и вознемирувањеа, но дали и пратениците, министрите, вработените во МВР и сите тие што спаѓаат во тој кош и нивните деца , дали и тие се изложени на вакви немили настани?

Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

– На 23.01.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје, С.М.(20) од Скопје пријавила дека околу 09.15 часот на ул. „Архимедова“ во Скопје, едно лице насилно ѝ го одзело мобилниот телефон и ја турнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Нападот на оваа локација се случува неполни три месеци откако студентите на ПМФ се жалеа и побараа засилување на безбедноста околу институцијата.

Поврзани вести

Back to top button