Повторно истата измама во Скопје – Му земале 6 500 денари, останал без дрва за огрев
Вчера Д.М. (58) од Скопје пријавил дека околу 10 часот на улицата “Австралиска” во Скопје, од страна на непознат сторител извршена му била измама при што му биле одземени 6.500 денари.
Сторителот измамата ја извршил на тој начин што додека оштетениот седел во неговиот двор со неговата сопруга, дошол сторителот и му понудил огревни дрва по 2.000 денари од кубик. Двајцата тргнале кон камионот и сторителот му рекол на Д.М. да причека, истиот се вратил во домот на оштетениот и од сопругата ги одзел парите по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Изминатиот период на истиот начин беа измамени повеќе жители на главниот град, скоро во сите случаи повозрасни лица, кои по понудените огревни дрва по пониска цена се измамени на сличен начин и остануваат без пари, но и без дрва за огрев.