Живот

Поучна приказна: Професорот и полна чаша вода!

Професор го започнува предавањето со полна чаша во раката. Веднаш им поставува прашање на своите студенти. Што мислите, колку тежи оваа чаша?

– 50 грама…100 грама… 125 грама нагаѓале студентите.

– Не знаете, но – не знам ни јас. И додека не измериме, нема ни да знаеме, рекол професорот. Но, јас всушност сакав да ве прашам нешто друго. Што ќе се случи ако ја држам вака подигната чашата неколку минути?

– Ништо! – одговориле студентите во еден глас.

– Добро. А, ако ја држам цел час?

– Ќе ве заболи раката, брзо одговорил еден од студентите. Тешко дека би успеале затоа што многу брзо ќе ви се укочат мускулите и ќе ви трне целата рака.

– Многу добро, продолжил смирено професорот. А, додека се случува сето тоа, дали се променила тежината на чашата?

– Не! – одговориле студентите повторно во еден глас.

– Па добро тогаш, што е причината за болката во раката и грчењето на мускулите?

Студентите се збуниле. Личело на загатка на која не го знаат одговорот.

– Што треба да направам за да се ослободам од болката и товарот? – продолжил професорот.

– Па, да ја спуштите чашата! – се чул одговор од едниот крај на училницата.

– Даааа, тоа е тоа! Тоа е точниот одговор! – извикал професорот среќен.

Истото се случува и со нашите проблеми, со нашите тешки мисли. Да размислувате за нив неколку минути е нормално, и во тоа нема ништо неисправно или погрешно.

Но, ако ги задржиме во мислите подолго време, ќе почувствуваме болка. А, ако го правиме тоа премногу долго, ќе почувствуваме блокада и нема да бидеме во состојба да правиме било што друго.

Секако, многу е важно да размислувате за одредени случувања, или доживувања и така да извлекувате вистински заклучоци. Но, важно е и да знаеме како да се ослободиме од тие проблеми на крајот на денот… како да ги пуштиме да паднат во вода пред да потонеме во сон.

Така ќе се заштитите од голем стрес и напор, и секое утро ќе се будите свежи, ведри и одморени. Ќе бидете исполнети и лесно ќе се издигнете над сите животни предизвици.

И затоа имајте секогаш на ум:

На крајот од денот – пуштете ја чашата!

Поврзани вести

Back to top button