Мистерии

Последното пророштво на Нострадамус: Исламска држава е Антихрист, кој носи апокалиспа?!

Теророт и хаосот кој Ид го внесе во политичката карта на светот, многумина се обидуваат да го толкуваат низ древните пророштва. Едно од тие е и пророштвото за доаѓање на „третиот Антихрист“.

Откако тој ќе дојде на власт, запишал Нострадамус, започнува војна кој ќе биде завршена со целосна деструкција, а можеби и со истребување на човечката раса.

Пророкот кој живеел во 16 век, точно го предвидел доаѓањето на првиот и вториот Антихрист. Привот бил Наполеон, а другиот Адолф Хитлер.

Третиот „Антихрист“ ќе го одбележи почетокот на „Третата светска војна“, а тој ќе трае полни 27 години. Со оглед на случувањата од пред неколку години, дали тој трет „Антихрист“ е Исламска држава се запрашува еден новинар од британскиот Експрес.

Нострадамус вели дека третиот „Атихрист“ ќе биде зол, немил, злогласен и тиранин над Месопотамија.

Третиот Антихрист ќе биде на почетокот на апокалипсата!

– Да се ​​биде пријател на прељубниците, на земјата страшна, црни симболи, исто така напишал Нострадамус. И навистина, знамето на ИД е црно, нивните методи на борба се ширум познати, а шеријатот – тирански.

Многумина се прашуваат дали Нострадамус напишал нешто за Исламска држава. Исто така, многумина се прашуваат дали токму ИД ќе започне нова светска војна и дали нивниот лидер е третиот “Антихрист”, кој го најави Нострадамус.

Но ИД е веќе третиот Антихрист …

Факт е дека третиот “Антихрист” се најавува уште од 1999 година. Тогаш се тврдеше дека тој е Садам Хусеин, а после тоа Осама бин Ладен. Откако тие веќе не беа во центарот на вниманието на светската политика, интересот за пророштвата стивнаа, се до доаѓањето на ИД.

Освен што точно го предвиде почетокот, ескалацијата или завршувањето на Втората светска војна, тоа велат му успеало и со терористичкиот напад на Њујорк, иако ја промашил годината: “Во 1999 година, седми месец, на небото ќе дојде големиот крал на теророт”.

Џон Хоџ, авторот кој својот живот го посвети на проучување на пророштвата, е убеден дека Нострадамус го предвидел доаѓањето на ИД.

– Нострадамус ја предвиде модерната крстоносна војна, односно американската инвазија на подрачјето на Месопотамија во 2003 година, вели Хоџ и се повикува на стиховите во кои се вели дека “голем број на носители на крстот ќе се појават во Месопотамија” и дека тие покрај кејот на реката Еуфрат ќе бидат сметани за непријатели.

– Беше погрешно третиот антихрист да се стави во контекст со Садам Хусеин. Како некои настани се случуваат се побрзо, пророштвата стануваат се појасни, со оглед на тоа што се напишани во кодови и преку загатки, вели Хоџ.

Сепак, преовладуваат скептичните …

Но многумина се се уште скептични. Всушност, дури и најголемите фанови на ликот и делото на Нострадамус тврдат дека тој погрешил во повеќе од 50 отсто од неговите пророштва. Тие велат дека понекогаш човек треба да има многу бујна фантазија, со цел неговите пророштва да ги поврзе со вистински настани.

Тие велат дека неговите пророштва, сега многу лесно може да се поврзат со ИД поради што е многу неблагодарно да се тврди дека ова е навистина точно, Експрес завршува со еден цитат од еден скептик: “Јас не верувам во таа глупост. Нострадамус напишал еден куп бесмислици и кодирани работи, а потоа им овозможи на читателите да ја користат фантазијата и да интерпретираат со работите онака како што сакаат”.

Поврзани вести

Back to top button