Македонија
Поранешен припадник на УЧК вработен во контрола на летање: Месечно ќе зема 1000 евра плата
Поранешниот припадник на УЧК, Абедин Зимбери го вработиле во државната институција, во која се делат убедливо највисоки плати, пренесе „Лидер“.
На неговиот Фејсбук профил, тој се пофали дека е вработен во контрола на летање (М-Нав).
Зимбери има завршено факултет за физичка култура и нема никаква квалификација за оваа институција, која се занимава со контрола на воздушниот простор во Република Македонија и е позната по екстремно високите плати.