Полициски хеликоптер исфрли 36 тона вода во пожарот во велешко (ВИДЕО)
Два големи пожари, кои зафатија и шума, попладнево беснееја на територијата на Македонија. Едниот во Велешко, над селото Отовица, а другиот во Скопско меѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.
Авионите „ертрактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) како и двата полициски хеликоптери интервенираа на двете локации и им помогнаа на противпожарните служби кои од копно се бореа со пламените јазици, по што првично стигна информацијата дека пожарот кај Отовица е локализиран.
Набргу потоа, од скопската противпожарна служба потврдија дека и пожарот кај трите села е изгаснат.
Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва објави и видео од едниот полициски хеликоптер од кое се гледа како надлетува над огнот кај Отовица и исфрла вода врз опожарената површина.
„Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода“,