Македонија
Полицијата трага по исчезнатите татко и син – пронајден труп во распаѓање
Полициски службеници, ренџери и „специјалци“ денеска при претрага на терен во близина на патот што води за селото Гари, откриле труп на маж, информираат од МВР.
Телото најдено во месноста „Кош“ било во поодмината фаза на распаѓање што ја отежнало идентификацијата, определување на возраста или причината за смртта.
Во меѓувреме, теренот каде што е најдено телото е обезбеден, а известен е и надлежниот јавен обвинител. Според најавите, во текот на денот се очекува да отпочне истрага која треба да расветли повеќе поединости кои поврзани со овој случај.
Од МВР не можеа да потврдат дали ова тело му припаѓа на еден од двајцата исчезнати скопјани по кои од пред две недели се врши потрага откако залутаа на планината Бистра.