Македонија

Полицајка жртва на својот надреден: Не можам да го издржам овој терор – ги моли надлежните за помош (ВИДЕО)

Не можам веќе да издржам да бидам тортурирана и понижувана само затоа што не прифаќам неморални чинови.

Вака полициска службеничка од Велес пред камерата на Алфа ја започнува својата исповед, вели жртва е на мобинг од својот надреден. Таа сакаше да остане анонимна, ги моли надлежните да и помогнат. Случајот го пријавила во Хелсиншки, во Националната мрежа против насилство и во Внатрешна контрола на МВР. Одговор досега добила само од Внатрешната контрола, но и тој доста чуден, од таму жалбата ја пратиле кај оној од кого полицајката се жалела, а тоа е нејзиниот раководител. Сега наместо дисциплинска постапка за надредениот, дисциплинска заработи полициската службеничка која тврди дека е жртва на мобинг.

-Ги молам надлежните да ми помогнат бидејќи не можам повеќе да го издржам теророт од кој сум принудена да размислувам да ја напуштам работата доколку бидам оставена на немилост. Бев исмејувана, бев навредувана, ми беше повишен тонот, вели таа пред камерата на Алфа.

Се започнало откако таа побарала слободен ден да замине на лекар во Скопје поради своите здравствени проблеми.

-Јас му се јавив на мојот раководител за да го прашам дали е можно да ми даде слободен ден бидејќи имам здравствени проблеми и дека морам да дојдам до Скопје за преглед во болница. Истиот ми рече донеси документација приложи, ние ќе го разгледаме барањето, па ќе ти се јавиме, ќе ти кажеме дали ќе бидеш ослободена. Сепак се работеше за здравствени проблеми, каде што тоа претходно не сме го имале, вели таа.

Откако започнале проблемите, таа била и прераспределена од своето работно место, од позорникар станала чувар. Таа вели дека мобингот не се случувал само во текот на работното време.

-Истиот раководител не бара преку радио врска додека е надвор од работно време и исто како да сме негова сопственост, вели полицајката.

Ова не е прв случај на мобинг врз женските припадници на полицијата. Претходно како што објави Алфа, полициски службеник од станицата во скопска Автокоманда во повеќе наврати сексуално малтретирал полициски службенички од позиција на моќ и надреденост, се вели во документите до кои дојде нашата телевизија од полициски извори. Полицаецот љубовник се уште е на слобода и се уште ја врши својата влијателна полициска функција.

Матеја Петровски Телевизија Алфа

Поврзани вести

Back to top button