Македонија
Полицаец загина во тешка сообраќајна несреќа
Полициски службеници од БПС-Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. вечерва околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“.
Според првичните информации од терен, како што соопштија од МВР за МИА, Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар, а П.Ѓ. починал.
Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој го управувал возилото „форд фокус“ со кичевски таблички, соопшти МВР.